forex trading logo

Изберете

Најавете се..



Упатство за употреба на акумулатори PDF Печати Е-пошта

УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА И ОДРЖУВАЊЕ НА АКУМУЛАТОРОТ

1. ВГРАДУВАЊЕ НА НОВ АКУМУЛАТОР

- Акумулаторите се налиени со електолити , електрично наполнети и подготвени за вградување и употреба.

- Вградувањето на акумулаторот секогаш доверете го на стручно лице или овластен сервисер и автоелектричар.

- Задолжително користете заштитна опрема, наочари и ракавици, погледајте ги знаците за предупредување.

Забранета употреба на отворен оган и вжарени предмети Задолжителна употреба на заштитни средства! Да се чува подалеку од дофат на деца!

Електролитот е нагризувачки H2SO4 Почитувај го упатството за употреба Опасност од експлозија! Не предизвикувај кратка врска!

ПРИ ВГРАДУВАЊЕ НА АКУМУЛАТОРОТ ЗАДОЛЖИТЕЛНО Е ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ КОН СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД НА МОНТИРАЊЕ:

- Проверете дали возилото поседува кодирани уреди или уреди со постојано напојување. Доколку поседува, вадењето на стариот и монтирањето на новиот акумулатор секогаш доверете го на стручно лице.

- Доколку нема кодирани уреди и уреди со постојано напојување редоследот на монтирање е следен:

- Задолжително исклучете ги сите потрошувачи. - Проверете ги клемите на возилото, истите да бидат комплетно беспрекорно чисти (со потреба да се заменат и исчистат).

- Акумулаторот извадете го од амбалажата доколку ја има, внимателно сместете го во лежиштето и задолжително прицврстете го механички.

Пред се најдобро е монтажата да ја изврши стручно лице поради сите наведени недостатоци кои може да ги предизвикате доколку сами вршите монтажа.

2. ДЕМОНТИРАЊЕ НА АКУМУЛАТОРОТ

Препуштете ја грижата исклучиво на овластени сервисери поради можна опасност од краток спој или губење на кодовите и ресетирање на електричните уреди на вашето возило.

3. КОНТРОЛА НА АКУМУЛАТОРОТ

- Во случај на контрола битно е да знаете дека акумулаторот е работно способен со густина на киселина поголема 1.240 gr/сm² на 25ºС и напон 12.5 V

- Најдобро е контролата да ја изврши стручно лице и воедно контролата на напононскиот регулатор на возилото кој треба да биде во рамките од 14 до 14,6 V.

4. ПОЛНЕЊЕ (ДОПОЛНУВАЊЕ) НА АКУМУЛАТОРОТ

- Полнење-дополнување на акумулаторот во експолотација се врши во случаеви кога дошло до пад на капацитетот на акумулаторот (празнење) поради некоја неисправност на возилото или подолг временски период на мирување на акумулаторот надвор од експлоатација (повеќе од 26 недели). Акумулаторот не смее да стои подолго од 48 часа во испразнета состојба, бидејќи во тој случај доаѓа до сулфатизација на плочите, смалување на капацитетот на животниот век на акумулаторот.

- Електрички испразнетиот акумулатор не е предмет на рекламација.

 

Анкета

Колку често проверувате дали има дестилирана вода во акумулаторот?
 

Анкета

Колку години издржале Вашите акумулатори во Вашите возила?
 

Анкета

Дали Ви се допаѓа дизајнот на новиот UNIBAT акумулатор ?
 

Анкета

Од каде сте ги дознале или запознале за нашите акумулатори UNIBAT, FAAM
 



2009 @ Acvilla Corporation | веб дизајн | веб хостинг